Голема лепиња

Голема лепиња


Лепињата е посебно карактеристично лепче на нашето поднебје. Лепињата се користи како замена за класичниот леб, кога сакате да воведете нешто поразлично во секојдневниот оброк. Направена е од ферментирано тесто и има шупликава средина и брашнеста кора како селско лепче. Позната е по својот карактеристичен мирис и вкусот на брашно што се лепи на устата при секој гриз. Со неа се приготвуваат највкусните тостови, оди како прилог со највкусните чорби и готвени јадења, а може да послужи и како лепче за сендвич со посебен шмек.