Уни – Лукс е основана во 1995 година како прва приватна пекара во Македонија со тунелско производство на леб. Скромните почетоци датираат уште поназад низ годините кога еден скромен човек со огромни амбиции решава да направи нешто за себе и своето семејство. Дослендно, неговата амбиција ја пренесува на потомокот при што се основа Уни – Лукс. До денешен ден ние сме фамилијарен бизнис кој постојано расте и се развива во насоки кои ги диктира модерното време, но традицијата на лебот и фамилијата остануваат непроменети во корените на бизнисот.
Денес, Уни – Лукс произведува преку 30 видови на леб и бели печива, дел од кои се поризведуваат линиски, а голем дел сеуште се прават рачно, со цел да се зачуваа оригиналниот и единствен рецепт.
Располагаме со сопствен возен парк од 15 возила со кои вршиме дистрибуција низ Скопје, Тетово, Гостивар, Велес и Кавадарци.
Нашите производи можете да ги најдете на повеќе од 300 локации кои опфаќаат поголеми маркети како и помали продавчнички низ целиот град.
Уни- Лукс ја негува традицијата, верува во симболот на лебот како основа на секоја трпеза додека воедно ги следи новите актуелни барања и трендови на пазарот. Ние гледаме подалеку од лебот како само намирница или продукт. За тоа вложуваме посебна љубов во секое парче леб кое излегува од нашиот погон.
Мисија
Нашата мисија е да одржуваме линија на производи која ќе ги задоволи сите вкусови, а притоа ќе биде препознатлива по врвниот квалитет.