100% 'ржан леб
Направен е од 100% интегрално 'ржано брашно, без додаток на вештачки бои или конзерванси. Интегралното 'ржано брашно содржи многу низок процент на глутен со што се избегнува подуеноста која глутенот многу често знае да ја предизвика преку внес на пченично брашно. Исто така интегралното 'ржано брашно кое е исклучиво употребено во овој леб е богато со влакна кои ја подобруваат дигестијата, не го покачува нивото на шеќер во крвта како пченичното брашно и со тоа ве одржува сити подолго време.
Идеален е за диабетичари, луѓе кои имаат пониска толеранција на глутен како и за оние кои сакаат да ја намалат или одржат својата телесна тежина.