ХРОНО ЛЕБ без квасец
Во својот состав содржи исклучиво интегрално 'ржано и хељдино брашно, без квасец, адитиви, емулгатори и бои. Брашното од хељда е полно со хранливи влакна, витамини и минерали, исто така е познато по тоа што го зголемува нивото на енергија. Хељдата помага при срцеви заболувања со тоа што го намалува крвниот притисок и е полна со антиоксиданси. Во комбинација со интегралното 'ржано брашно, кој има многу ниска содржина на глутен, прават совршен спој за сите поборници на здрава исхрана.
Погоден за сите оние кои се придржуваат до хроно исхраната, но и за сите оние кои водат грижа а своето здравје и сакаат да го намалат внесот на калории и адитиви во исхраната.