'Ржан леб

'Ржан леб


За оние кои уживаат во традиционалниот вкус на лебот, а сепак внимаваат и на здравата исхрана. Идеалната комбинација на фино пченично и ‘ржано брашно од цело зрно ‘рж допринесува до богатиот состав на хранливи влакна кои ја подобруваат и олеснуваат дигестијата. Не само што има прекрасен мирис, ‘ржаното брашно изобилува со витамини и моќни антиоксиданси.  Дополнително, во својот состав има и лупени семки од сончоглед кој му дава супер крцкав и карактеристичен вкус. Затоа што не мора да се откажете од вкусното за да бидете здрави!