Кратка историја за настанувањето на производот кој денес е дел од сечија трпеза
Што е леб? Наједноставен одговор на ова прашање е: лебот е смеса која се дoбива со мешање на брашно и вода и потоа се печена висока температура или со циркулација на топол воздух во затворен простор.
Историјата вели дека првиот леб бил направен во Египет околу 80000 пред нашата ера. Eѓипјаните биле познати мелничари и првиот леб кој го направиле имал сплескана и округла форма и повеќе личел на тортиља отколку на тоа што ние денес го имаме како леб.Се верува дека токму тие го измислиле и киселото тесто, како резултат на топлата клима и нивната вештина за мелење на пченицата.
Низ годините, различни нации измислувале различни видови на леб, секој со своите посебни народни карактеристики и традиции. Некои видови на леб се останати и до денес, а некои целосно исчезнале низ годините.
Околу 450 години п.н.е.старите Римјани ја измислиле воденицата за мелење на брашно. Од таму започнува традицијата на производство на бел леб. Производот бил толку вкусен што се верувало дека колку е побел лебот толку е повкусен и може да го јадат само повисоките и помоќни класи.
Слично и во средновековна Британија, лебот бил симбол на статус на тие што го јадат. Богатите јаделе бел леб од мелена пченица, додека пониските класи јаделе црн, односно леб од ‘ржано, јачменово брашно или трици.
А како гледаме на лебот денес? 😊
Во 1834та година во Швајцарија е измислена првата мелница со челични ваљаци која револуционерно го сменила процесот на мелење пченица засекогаш. Ова значајно откритие овозможило зрната пченица наместо да се кршат, да се мелат при процес на отварање на зрното. Овој потег е од огромно значење за индустријата и денес затоа што овозможува зрното да се раздели и со тоа да одвои едноспермот-јадрото на зрното кое го содржи протеинот глутен. Ова е посебно важен чекор во производство на безглутенски брашна
Адитивите и конзервансите влегуваат во игра околу 20тиот век кога индустриското производство имало за цел да произведе голема количина на леб кој изгледа привлечно, е со поголем волумен, помека средина и пред се подолг рок на траење. Сепак благодарение на лесната достапност до информации како и развојот на технологијата во исто време, пекарите брзо се враќаат на “стариот” начин на производство и ги елиминираат сите конзерванси, а лебот има реален, краткотраен рок на траење.
Најчесто, првата работа што ни паѓа на памет кога помислуваме на леб е пченицата. Но денес леб може да се направи од скоро секоја житарка-овес, ‘рж, јачмен, просо, амарант, па дури и од семки како ленено семе и чиа. Сепак, доколку сакаме лебот да има волумен тој мора да биде произведен од пченица бидејќи глутенот е состојката која овозможува лебот да “нарасне” и да ја има познатата форма на векна. Самиот збор ‘глутен’доаѓа од латинскиот збор ‘glue’ кој во превод би значело ‘лепак.’
Која и да е вашата префенција за видот на леб кој го конзумирате, без разлика дали сте алергични на глутен или не, внимавајте на рокот на траење на лебот. Леб без конзерванси значи леб кој оставен на собна температура за кратко време ќе мувлоса.
Уживајте во Вашиот избор на леб! 😊
*Сликата е преземена од: https://www.liverpoolmuseums.org.uk/